27 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Струшкиот оџа Шпенди Ибраими испрати остра порака до премиерот Христијан Мицкоски, реагирајќи на неговите неодамнешни изјави поврзани со бројноста и политичката тежина на Албанците во државата.
Во својата јавна реакција, Ибраими подвлече дека Албанците не се бројка што може произволно да се толкува или да се прилагодува според нечии политички интереси, туку народ со јасен идентитет, достоинство и право да ја определува сопствената иднина.
„Секој што смета дека Албанците може да ги води по свој ќеф, ја игнорира вистината – а таа е дека Албанците секогаш самостојно го избирале патот по кој одат. Ние сме староседелци во оваа земја и тоа никој не може да го избрише. Албанците се како планина: силни, високи и непобедливи. Нема ништо однадвор што може да ги контролира“, порача Ибраими.
Со оваа изјава, тој ја нагласи решителноста на албанската заедница да остане доследна на своите принципи и да не дозволи политички манипулации кои можат да ја потценат нивната улога во македонското општество.
Наместо гордост, понижување: Штип празнува јубилеј на клуб со окупаторско потекло
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден