04 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е поведена истражна постапка против 57-годишен жител на Идризово, кај кого биле пронајдени експлозивни средства и муниција.
Според информациите од обвинителството, при претрес во домот на осомничениот бил пронајден дрвен сандак во дневната соба, во кој имало две рачни бомби – гранати модел „М.75“, како и педесет куршуми со калибар 7,65 мм. Куршумите биле наменети за испалување од полуавтоматски и автоматски огнени оружја.
Овие предмети, како што нагласуваат од ОЈО, се забранети за поседување од страна на граѓаните.
Против осомничениот е поведена постапка за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено во член 396 став 5 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител поднесе предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор. Како причини се наведуваат опасноста осомничениот да се даде во бегство или повторно да го изврши делото.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден