03 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Еколошката организација „О2 Иницијатива“ со остар апел до кандидатите за градоначалници на Град Скопје, Општина Аеродром и Општина Гази Баба порача дека решавањето на проблемот со дивата депонија Вардариште е итно и не смее повеќе да се одложува.
„Вардариште не може да чека! Доста е со молк, одлагања и префрлање на одговорност! Вардариште не е тема за кампања – тоа е закана за нашето здравје и иднината на Скопје. Сакаме решенија, а не задкулисни игри!“, стои во нивната реакција.
Организацијата прашува кој од кандидатите е подготвен да даде јавно ветување дека ќе се зафати со санација и ревитализација на депонијата, која со години претставува еколошка бомба во срцето на градот.
„Ајде, идни градоначалници – да видиме колку го сакате Скопје, како се заштитува Аеродром и како се сака Гази Баба!“, додаваат од „О2 Иницијатива“.
Како приоритети, тие ги наведуваат следниве чекори:
Од „О2 Иницијатива“ потенцираат дека ова прашање не смее да се претвори во уште една празна предизборна тема.
„Јавно и гласно обврзете се дека ќе ја решите оваа еколошка бомба! Ова не е борба за функција – ова е борба за ЖИВОТ и ЗДРАВЈЕ!“, порачуваат од организацијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден