22 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Објектот во скопското село Трубарево, каде неодамна изби пожар и се складирал електронски отпад, имал дозвола за управување со отпад и покрај тоа што не ги исполнувал законските услови. Ова го откри истражувањето на емисијата „Код“ на Телма.
Според документите, сопственик на објектот е компанијата Ф-Групација. Истата локација во минатото била користена како млекара, а во катастарот и денес е заведена со намена Ф2 – помошни објекти во земјоделството, односно фарма.
И покрај тоа што намената е земјоделска, фирмата добила дозвола за управување со отпад и таму складирала и третирала електронски отпад.
Во 2018 година, правилникот за добивање дозвола за управување со отпад претрпе измени. Новите услови бараат:
Локацијата во Трубарево, според урбанистичките планови, се наоѓа во зона Г2 – лесна индустрија. Но, имотниот лист во катастарот покажува сосема друга состојба – дека објектите имаат земјоделска намена.
Овој пример отвора сериозни прашања за тоа како институциите ги издаваат дозволите и дали постои надзор врз усогласеноста на објектите со правилниците. Објект со намена фарма, каде што се складира и третира електронски отпад, е спротивен на логиката и на прописите, но сепак добил зелено светло од надлежните.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

