14 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Јавното обвинителство потврди дека ќе биде издадена наредба за обдукција на телото на пејачот Владимир Блажев – Панчо, член на популарното дуо ДНК, кој почина по речиси седум месеци болничко лекување.
„Информацијата е точна. Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму поради здравствената состојба“, соопштија од Обвинителството за Скопје1.мк.
Панчо изминатите месеци се лекуваше во приватната болница „Аџибадем Систина“ поради тешките изгореници што ги задоби во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во несреќата загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК. Со смртта на Панчо, бројот на жртвите се искачи на 63, а тој стана деветтиот член на групата кој го загуби животот.
Докторски тимови со месеци се бореа за неговиот живот, но и покрај долготрајното лекување и интензивната медицинска грижа, тој не успеа да се избори. Според информации од болницата, покрај физичките повреди, пејачот се соочувал и со сериозни психолошки последици од трагедијата.
Против Панчо претходно беше покрената постапка под сомнение дека тој ги внел пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“. Поради неговата тешка здравствена состојба и долготрајната хоспитализација, Обвинителството ја стави постапката во мирување.
Со наредбата за обдукција, институциите најавуваат дека ќе бидат утврдени сите околности поврзани со неговата смрт, како и можните последици од повредите што ги здоби во трагичниот настан.
Скршена од болка: Сопругата на Панчо од „ДНК“ се прости со емотивна порака
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден