25 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Не стивнуваат реакциите во јавноста по двојното убиство во Велес, кое го потресе целиот регион. Во фокусот на критиките се најдоа институциите, особено судот и обвинителството, поради информациите дека само неколку дена пред злосторството на осомничениот му биле укинати дел од претходно изречените мерки.
Јавното обвинителство реагираше на обвинувањата, истакнувајќи дека обвинителот не побарал укинување на сите мерки. Според нивното соопштение, и покрај измените, на сила останала забраната осомничениот да се приближува до жртвата.
„И да бил определен притвор, тој не би бил на сила во моментот на извршување на последното дело“, потенцираат од Обвинителството.
На 21 мај годинава, жртвата Росица повторно пријавила во полиција дека обвинетиот продолжил да ѝ испраќа пораки и фотографии со цел да воспостави контакт. Само три дена претходно, тој го украл и запалил автомобилот на нејзиниот татко.
По овие настани биле издадени наредби кон МВР за прибирање докази од телефонските комуникации, како и за обезбедување снимки од безбедносни камери на повеќе локации во градот.
Обвинителството појасни и дека полициските активности биле во тек и во моментот кога е извршено убиството. Дополнително, тие нагласија дека доколку обвинетиот бил осуден со условна казна, мерката притвор – доколку претходно била определена – би престанала да важи со објавувањето на пресудата на 10 септември.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

