08 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
По вчерашниот вооружен инцидент во Куманово, во кој беше ранет носителот на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, Зеќирија Шахини, Обвинителството се огласи со официјално соопштение. Според првичните информации, засега нема индиции дека нападот имал политичка позадина.
Инцидентот се случил кога непознати лица со автомобил марка „Голф“ пукале кон возилото на Шахини. Тој, инаку лекар-пулмолог од Ваксинце, бил погоден во ногата и со повреди е пренесен во болницата во Куманово, каде што му била укажана медицинска помош.
Од Основното јавно обвинителство Куманово информираа дека двајца јавни обвинители веднаш излегле на лице место и започнале со увидни дејствија.
„Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат“, соопштија од Обвинителството.
Полицијата интензивно работи на пронаоѓање на сторителите и на расветлување на сите околности поврзани со нападот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден