26 август 2025
• од Тодор Вангелов
Цените на нафтените деривати од денеска се зголемуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Според најновата одлука на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати бележат просечен раст од 0,64 проценти во однос на претходната одлука.
Со тоа, од денеска Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 75 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе изнесува 77 денари за литар, а Еуродизел БС ќе чини 68 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 67,5 денари за литар.
Истовремено, се бележи намалување на цената на мазутот М-1 НС, кој поевтинува за 0,378 денари и ќе се продава по 38,265 денари за килограм.
Од РКЕ објаснуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светските берзи, споредено со претходната пресметка, се зголемени во просек за 1,985% кај бензините, 1,915% кај дизелот и 1,244% кај екстра лесното масло, додека кај мазутот е забележан пад од 1,246%.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

