02 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Од вчера, 1 јануари 2026 година, стапи во сила одлуката на Комисијата за регулирање на енергетика (КРЕ) за зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата во Северна Македонија.
Од Комисијата претходно информираа дека поскапувањето ќе се однесува на сите три тарифни блока. Според одлуката, цената на електричната енергија во првиот блок се зголемува за 2,45 проценти, во вториот блок за 2,87 проценти, додека во третиот блок зголемувањето изнесува 3,32 проценти. Кај евтината тарифа, цената ќе биде зголемена за 2,50 проценти.
Претседателот на КРЕ, Марко Бислимоски, изјави дека најголем дел од домаќинствата трошат електрична енергија исклучиво во првиот блок.
„63,86 проценти од домаќинствата, односно 517.400 семејства, имаат потрошувачка само во првиот блок и во евтината тарифа. 20,97 проценти или 169.900 домаќинства имаат потрошувачка во првиот и вториот блок, додека 1,73 проценти од семејствата трошат електрична енергија во сите три блока“, истакна Бислимоски.
Од КРЕ порачуваат дека измените се направени со цел да се одржи стабилноста на енергетскиот систем, при што најголемиот дел од граѓаните ќе почувствуваат минимално зголемување на сметките за струја.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

