04 февруари 2025
• од Гоце Кически
Денес, со почит и достоинство, ја одбележуваме 153-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, кој останува симбол на борбата за слобода и правдина.
Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, во соработка со Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола, како и претставници на бугарската заедница во Република Северна Македонија оддадоа почит.
Со положување на венци и свежо цвеќе пред гробното место на Гоце Делчев, кое се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје, присутните ја изразија својата почит кон неговото дело и оставштина.
Гоце Делчев останува една од највпечатливите фигури во историјата на Македониjа и Бугариjа, инспирација за многу генерации кои се стремат кон слобода, единство и заедничка иднина. Овој ден е потсетник за важноста на солидарноста и зачувувањето на историското наследство.
Настанот беше проследен со заеднички разговори меѓу присутните, во духот на пријателство и соработка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

