22 април 2025
• од Вардарски
Во раните утрински часови денеска, ограбен е хотел кој се наоѓа во централното градско подрачје на Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кражбата се случила околу 03:35 часот, кога две непознати лица со закана со остар предмет му се заканиле на вработениот на рецепцијата, по што одзеле парични средства и побегнале од местото на настанот.
МВР во своето соопштение наведува:
„На 22.04.2025 во 03:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во хотел на подрачјето на Центар, две лица со закана со остар предмет кон вработениот одзеле пари од рецепцијата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.“
Од страна на полицијата засега не се открива точниот износ на украдените пари, а во тек е интензивна истрага за идентификување и пронаоѓање на сторителите.
Хотелот каде се случил инцидентот засега не издава официјални информации, а вработените се во состојба на шок, но, според првичните сознанија, нема повредени лица.
Надлежните апелираат до граѓаните кои можеби забележале нешто сомнително во наведениот период и локација, да се јават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 192.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

