22 април 2025
• од Вардарски
Во раните утрински часови, денеска околу 03:20, извршена е тешка кражба во домот на пратеникот на СДСМ и поранешен заменик-премиер, Фатмир Битиќи. Како што дознава ORA24.TV, крадците успеале да се доберат до метален сеф во кој, според првични информации, имало вредни предмети во вкупна вредност од околу 50.000 евра.
Битиќи ја потврдил информацијата за кражбата за ORA24.TV, но одбил да навлегува во детали. „Да... Не би зборувал за детали“, кусо изјавил тој.
Според неофицијални извори, од сефот се украдени златни предмети и скапи часовници проценети на околу 3.100.000 денари. Дополнително, исчезната е и фасцикла за која постои сомневање дека содржела документи со класифицирани информации, што отвора потенцијално сериозни безбедносни прашања.
Полицијата работи на расчистување на случајот, а се очекуваат повеќе информации во текот на денот. Инцидентот предизвика сериозни реакции во јавноста, особено поради високата вредност на украденото, како и можните последици доколку исчезнатите документи навистина содржеле чувствителни информации.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

