08 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Oџата Омер Даути остро реагираше на случаите на насилство и на се почестите обиди на институции или поединци да ги оправдаат или релативизираат насилниците. Според него, секое толерирање на насилството го продлабочува проблемот и ја прави целата заедница соучесник.
Даути нагласува дека „кој амнестира насилник, станува дел од насилството; кој молчи пред него, ја храни агресијата; а оној што може да интервенира, а не го прави тоа, ја носи истата вина“. Тој потсетува дека насилството врз жени, деца и секое ранливо лице е апсолутно неоправдано и најчесто се проширува токму поради молкот и погрешните оправдувања.
Според Даути, насилниците стануваат посмели кога не се казнети и кога неосновано се ослободуваат од одговорност, што, како што вели, доведува до непотребни трагедии и страдања. Вистинската промена, додава тој, може да се постигне само со јасен став, силен глас и конкретно дејствување.
„Насилството не исчезнува со молк. Мора да се запре денес, не кога ќе биде предоцна“, порача Даути.
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

