25 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Српскиот јавен говорник Мирољуб Петровиќ повторно предизвика реакции во регионот со навредлива изјава за македонскиот револуционер Гоце Делчев. Во своето последно излагање, тој го нарече „петта лига бугарски терорист“ и направи споредби со политички партии и фудбалски симболи.
„Каков Гоце Делчев! Тој е петта лига бугарски терорист,“ рече Петровиќ, додавајќи дека бил изненаден кога дознал дека во Македонија постои политичка партија што го носи името ВМРО. „Замисли го тоа, брате – а такво нешто имате и овде во Србија,“ додаде тој.
Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин и бил офицер во бугарската војска, што е познат историски факт. Но, неговата улога е поврзана пред сè со борбата за слободата на Македонија и за создавање автономна област во рамките на тогашното Отоманско Царство.
Петровиќ ја нарече ВМРО терористичка организација, но историски гледано тоа не е точно. Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) била тајно револуционерно движење кое се борело против османлиската власт со цел политичка и национална автономија. Организацијата користела герилски методи, карактеристични за тоа време, но не може да се споредува со современи терористички организации.
Во истиот настап, Петровиќ се осврна и на српскиот фудбалски клуб „Црвена ѕвезда“, нарекувајќи го „најпознат сатанистички симбол и назив“ кој, според него, ги обединува така наречените српски патриоти.
Изјавите на Петровиќ имаат провокативен карактер, но историските факти покажуваат дека Гоце Делчев бил револуционер со јасна идеја за автономна Македонија, а ВМРО е дел од револуционерната традиција на Балканот, а не терористичка организација.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

