21 април 2025
• од Вардарски
Непознат сторител направил обид за кражба на железнички сигнал на пругата меѓу Орман и Волково, со цел да го продаде како старо железо. Иако не успеал целосно да го отстрани и однесе, сигналот сега лежи фрлен преку шините, оставајќи зад себе сериозна закана за секој иден воз што би се движел по таа траса.
На фотографиите се гледа како сигналот е насилно искршен и оставен среде пругата, додека делови од механизмот се расфрлани по околината. Овој чин, иако можеби на прв поглед изгледа банално, може да има катастрофални последици. Иако возовите на оваа делница се ретки, еден несреќен момент е доволен за трагедија.
Граѓаните апелираат до надлежните институции веднаш да реагираат – да се отстрани загрозувачкиот објект и да се зајакне контролата и безбедноста на железничката инфраструктура. Дополнително, се повикува јавноста да биде повнимателна и да пријавува вакви случаи навреме, бидејќи во игра се човечки животи.
Доста беа трагедии. Една несоодветна постапка е доволна за непоправлива загуба.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

