25 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски, поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Информацијата за ТВ 24 ја потврдил висок партиски функционер од редовите на СДСМ, кој посочил дека оставката е поднесена од морални и лични причини.
Според партиски извори, одлуката доаѓа по првиот круг од локалните избори, на кои СДСМ претрпе тежок пораз и освои само пет советнички места во Советот на Град Скопје. Телевизијата се обидела да добие изјава од Галетановски, но тој не одговорил на поставените прашања.
Од партијата официјално потврдуваат дека оставката е доставена на „Бихаќка“.
„Оставката е поднесена од лични и морални причини и доставена до партијата. Во однос на понатамошните одлуки, органите на СДСМ ќе постапат согласно статутарните одредби, за што јавноста ќе биде навремено информирана,“ изјавиле за ТВ 24 од СДСМ.
Галетановски е еден од малубројните советници што СДСМ ги освои во актуелниот состав на Советот на Град Скопје. Според информации на ТВ 24, тој во минатото бил критички настроен кон дел од политиките на актуелното раководство на партијата.
Во времето на мандатот на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, Галетановски ја извршуваше функцијата директор на Зоолошката градина во Скопје.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

