20 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во емисијата Click Plus на TV21 изјави дека заедно со својот тим работи на проширување на музичката програма за дочекот на Новата година, кој ќе се одржи на Плоштад Македонија.
Ѓорѓиевски истакна дека меѓу приоритетите е и вклучување на албански музички изведувач во новогодишната програма, со цел манифестацијата да биде поинклузивна и да ја одразува мултикултурната реалност на главниот град.
„Го прифатив и сугестијата од вашите албански колеги, кои ме прашаа зошто, иако Државната видеолотарија го поддржува целиот проект и прославата, нема ниту еден албански артист. Со тимот разговаравме за ова прашање и со поддршка од Град Скопје ќе се обидеме да обезбедиме и албански пејач или пејачка што ќе настапи за Нова година,“ изјави Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека целта е новогодишната прослава да испрати порака на заедништво и културна поврзаност, надминувајќи ги поделбите и создавајќи настан во кој ќе можат да се препознаат сите граѓани на Скопје.
Бујар Дардишта уапсен при обид за бегство на граничниот премин Долно Блаце
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

