09 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Фестивалот Егзит (EXIT) и официјално нема да се одржува во Србија следната година, но организаторите јасно ставија до знаење дека ниту Скопје ниту Египет се опција, и покрај шпекулациите кои кружат изминатиот период.
Главната причина е финансиска – фестивалот остана без државна поддршка и без својот најголем долгогодишен спонзор, телекомуникацискиот оператор „МТС“. Според организаторите, ова е резултат на нивната јавна поддршка за студентските протести, што довело до „државна репресија“ и ускратување на финансии од сите институционални нивоа – локално, покраинско и републичко.
„Во овој момент не постои можност за одржување на Егзит во Србија. Фестивал од вакви размери не може да се организира во домашните економски рамки без помош од државата“, се вели во официјалното соопштение.
Основачот и директор на Егзит, Душан Ковачевиќ, потврди дека откако било објавено заминувањето од Србија, пристигнале понуди од бројни светски дестинации.
„Моментално разгледуваме кои локации ќе бидат дел од глобалната турнеја на Егзит следната година“, рече Ковачевиќ, додавајќи дека фестивалот не се сели во Скопје, иако такви најави се појавија во јавноста.
Претходно, кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, јавно изјави дека Егзит доаѓа во главниот град. Но, последните информации од самите организатори го демантираат тоа и покажуваат дека изјавата на Ѓорѓиевски била предвремена и без основа.
Ова лето беше последното издание на Егзит во Србија. Организаторите потсетуваат дека фестивалот е основан пред 25 години како студентско движење за мир и слобода, но сметаат дека денешната политичка клима во земјата не е погодна за негово продолжување.
„Не сакаме повеќе фестивалот да се одржува во Србија во која слободата на говорот се задушува“, порачаа тие во јуни.
Нема бесплатен влез во ЕУ – нови правила за патување, потребен и документ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден