04 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот бугарски амбасадор во Македонија и екс-европратеник, Александар Јорданов, изјави дека Македонија не ги исполнува своите обврски за членство во Европската Унија и со тоа самата ја блокира својата европска иднина.
Во изјава за „Euronews Bulgaria“, Јорданов го посочи премиерот Христијан Мицкоски како личност што „постојано се издигнува во кулминацијата на ароганцијата“. Тој потсети и на зборовите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека приклучувањето кон ЕУ зависи единствено од заслугите на кандидатите.
Според Јорданов, клучен елемент во францускиот предлог е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија. Тој истакна дека овој услов одамна е познат и дека не смее да биде занемарен.
Јорданов тврди дека дел од македонските политички елити дејствуваат во интерес на Белград, што според него создава „вештачки пречки“ и впечаток дека надворешен фактор, како што е Бугарија, ја кочи Македонија на патот кон Унијата.
„Ова е причината поради која се создаваат блокади со цел да се прикаже дека Бугарија е виновна за застојот, додека вистинскиот проблем е внатре во македонската политика“, нагласи Јорданов.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

