МАКЕДОНИЈА

Османи: Извештајот на Вајц повикува да ги внесме Бугарите во уставот и да продолжиме кон ЕУ

25 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи, изјави дека усвојувањето на извештајот на европратеникот Томас Вајц ја потврдува преговарачката рамка за членство на Северна Македонија во Европската Унија, која е поддржана и од Бугарија.

Според Османи, извештајот јасно укажува дека патот кон ЕУ продолжува преку уставни измени со кои ќе се овозможи дополнување на Уставот со нови малцинства, вклучително и бугарското. Тој нагласи дека македонскиот јазик и етничкиот идентитет се веќе признаени во рамката, а потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС овозможува официјална употреба на кратенката МКД.

„Ова е потврда на европскиот курс на земјата и е силна порака до сите политички актери да останат посветени на реформскиот процес“, рече Османи за ТВ 24.

Во меѓувреме, известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, во интервју за БГНЕС, изрази дилема околу тоа дали македонската влада навистина има волја да ги спроведе неопходните промени. „Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, но она што го знам е дека мнозинството во Европскиот парламент е подготвено да ја поддржи земјата и регионот на патот кон подобра економска, политичка и социјална иднина“, истакна Вајц.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени