04 март 2025
• од Вардарски
Албанците почнаа да ја гледаат државата како своја, сакаат премиер, сакаат министер за надворешни работи, министер за финансии, сакаат да бидат дел од процесите, изјави екс-министерот за надворешни и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи во гостување на ТВ21.
Според него, не била случајна пораката, слоганот на кампањата на парламентарните избори „Македонија повторно твоја”, „Македонија повторно горда”.
„Пораката беше дека ‘Албанците ни ја земале државата, ќе ви ја вратиме повторно’.
Ние не сме ја земале државата од никого“, вели Османи.
„Тие треба да бидат среќни, возбудени што по толку години, Албанците почнаа да ја гледаат државата како своја, сакаат премиер, сакаат министер за надворешни работи, министер за финансии, сакаат да бидат дел од процесите. Ова ја зајакнува унитарноста“, вели Османи во своето гостување на ТВ21.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
