10 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска изјави дека според неговите сознанија и проценки, предвремените парламентарни избори во земјата ќе се одржат најдоцна до април следната година.
Османи смета дека и покрај неодамнешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој тврдеше дека нема да има предвремени избори, реалноста на политичката сцена ќе го натера да се премисли.
„Тоа е всушност тоа што го кажуваме од почеток – дека ќе има предвремени парламентарни избори, најверојатно во март или април. Ова не е само мое мислење, туку проценка заснована на разговорите и договорите што се водат на политичката сцена“, изјави Османи.
Според него, последните изјави на премиерот само ја потврдуваат тезата дека сегашната влада е политички нестабилна и нема капацитет да ја издржи целосната четиригодишна функција.
„Очигледно е дека ситуацијата е неодржлива. Премиерот веројатно добил дополнителни аргументи на терен и почнува да го подготвува теренот за избори. Без разлика на тоа, јас сум уверен дека предвремените избори ќе се одржат напролет“, истакна Османи.
Тој најави дека по изборите ќе се формира нова влада составена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, која, како што рече, ќе го „отвори европскиот пат на земјата, ќе го врати соживотот и ќе донесе економски просперитет“.
Во текот на изминатата недела, премиерот Мицкоски двапати ја смени својата позиција во врска со одржувањето на предвремени избори. Минатата недела категорично тврдеше дека нема да има избори пред редовниот термин, но само неколку дена подоцна изјави дека „постои можност“ тие да се одржат порано.
Почина 16-годишникот кој со мотоцикл удри во џипот на пратеникот од Левица
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден