21 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа во Чаир пред граѓаните изјави дека актуелната влада е во состојба на паника поради очекуваниот пораз на коалицијата ВЛЕН. Тој нагласи дека координираните пораки од власта дека „нема да има предвремени избори“ се јасен сигнал на страв и несигурност.
Османи тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ секојдневно испраќа емисари кај ДУИ со предлози за постизборна соработка и влез во владата по локалните избори во октомври.
„Секој ден ни испраќаат емисари за ние да влеземе во влада по изборите. Затоа што ги гледаат резултатите – три спрема еден,“ рече Османи.
Тој категорично одби можност за такво сценарио, опишувајќи го како модел на политичко мешетарење без изборен легитимитет. „Ние не сме народ што можат да го потценуваат – излези ти, влези ти. Нема поголемо понижување од премиерот да ти ги одредува претставниците,“ додаде Османи.
Во своето обраќање, Османи го нарече овој пристап обид за институционално понижување на цела заедница. Според него, такви практики ја третираат заедницата како без сопствен суверенитет и ја ставаат во подредена позиција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

