23 мај 2025
• од Вардарски
Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, упати остра критика кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека наместо да ги исполни конкретните услови за продолжување на европската интеграција, се обидува да најде изговори и да префрла вина на други. Османи посочува дека внесувањето на Бугарите во Уставот е јасен и познат услов за отворање на преговорите со Европската Унија – нешто што Владата мора да го реализира ако навистина има намера да ја води земјата кон членство во ЕУ.
„Времето за политички маневри и обвинувања заврши. Потребно е исполнување на обврските. Наместо да ловиме виновници, време е Владата да покаже одговорност и да го направи она што е потребно – да го внесе бугарскиот народ во Уставот, како што тоа веќе е договорено и претставува услов на ЕУ. Тоа е реалноста, тоа е чекорот што води напред“, порача Османи.
Тој истакнува дека префрлањето на вината кон поранешната власт или поединци не само што не придонесува за решение, туку и дополнително ја продлабочува политичката и меѓуетничката нестабилност. „Со ова однесување, Мицкоски не само што ја блокира европската перспектива на Македонија, туку и ја става целата држава во ќор-сокак“, додава Османи.
Според него, уставните измени се дел од веќе прифатената рамка за преговори и од нив зависи целосниот напредок кон Унијата. „Наместо да се создаваат нови поделби и да се креираат непријатели, потребно е лидерство кое ќе преземе храбри и конкретни чекори – онака како што бара и самата ЕУ“, заклучува Османи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

