08 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Скопје сè повеќе се оддалечува од европскиот пат – ова е ставот на бугарската вицепретседателка Илијана Јотова, која остро реагираше на одложувањето на извештајот за напредокот на Република Северна Македонија во Европскиот парламент. Таа побара промена на известувачот за проширување на ЕУ за Западен Балкан, наведувајќи дека довербата во процесот е нарушена.
„Однесувањето на Северна Македонија, со пораките што ги испраќа, продолжениот говор на омраза и крадењето на бугарската историја и факти, ја оддалечува земјата од Европската Унија,“ изјави Јотова за БНТ. Според неа, одложувањето на извештајот е скандалозно, а претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, мора сериозно да го разгледа писмото од бугарските европратеници и да иницира истрага.
Јотова истакна дека, доколку се потврдат сомневањата за пристрасност или нерегуларности во процесот, мора да има санкции и смена на актуелниот известувач.
Во одговор на новинарско прашање за тоа дали однесувањето на претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска, е лицемерно, Јотова избегна директна квалификација, но потенцираше дека политиката на Скопје не оди во правец на европските вредности.
„Дијалогот меѓу двете држави треба да биде пример за соработка, но со вакви дејствија тешко може да се гради доверба,“ додаде таа.
Изјавата на бугарската вицепретседателка доаѓа во време на сè посложени односи меѓу Софија и Скопје, со постојани тензии околу историјата, јазикот и правата на бугарското малцинство во Северна Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

