македонија30 јануари 2025 Отпуштени стотици вработени во УСАИД по одлуката на Трамп да ја замрзне помошта
Стотици вработени во американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) се испратени на неплатено отсуство, а некои се отпуштени откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди замрзнување на американската помош ширум светот, објави денеска Ројтерс, цитирајќи неименуван функционер.
Извор на британската агенција рече дека одлуката влијае на околу 600 работници, кои наводно биле известени преку е-пошта во вторникот вечерта дека нивниот работен однос е прекинат.
Стејт департментот денеска објави дека, меѓу другото, ја запрел дистрибуцијата на „кондоми и други услуги за контрацепција во Газа“, програмите за чиста енергија за жените во Фиџи и планирањето на семејството низ Латинска Америка.