01 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Македонскиот новинар Борјан Јовановски, повикувајќи се на дипломатски извори, изнесе проценка дека Србија нема да дозволи лесно Македонија да излезе од нејзината политичка и дипломатска орбита, особено во контекст на интеграциите во Европската Унија.
„Не е проблемот во Бугарија, вистинскиот предизвик за нашите евроинтеграции ќе биде Србија, која ќе инсистира Македонија да остане заклучена во нејзината сфера на влијание,“ нагласува Јовановски. Според него, ова е јасна проценка добиена од дипломатски високи извори.
Тој потсетува дека еден западен амбасадор, претставник на „голема сериозна земја“ со развиени анализи за регионот, веќе укажал дека борбата за Македонија трае од деведесеттите години. Тогашниот претседател Киро Глигоров настојувал да ја дистанцира државата од матрицата на Белград, иако тоа не било лесно остварливо.
„И тогаш ВМРО-ДПМНЕ ако сакаше да се оддалечи од Белград, тоа значеше да се соочи со притисоците од српската политика, која никогаш не се откажала да ја гледа Македонија како дел од својата сфера на интерес,“ објаснува Јовановски. Тој додава дека како и многу поранешни советски републики, Македонија постојано се соочува со обиди да се задржи под влијание на посилни соседи.
Оценката на Јовановски е дека иднината на македонските евроинтеграции нема да зависи само од билатералните прашања со Бугарија, туку и од стратешката улога на Србија, која ќе се обиде да ја задржи Македонија во својата политичка и дипломатска рамка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден