16 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Трагедија се случи денеска пред Клиниката за онкологија во Скопје, каде 56-годишен пациент почина во рацете на својот син додека чекал за прием. Според сведоци, човекот неколку часа престојувал во чекалницата пред да ја добие потребната медицинска помош.
Пациенти кои биле присутни во чекалницата за „Слободен печат“ сведочат дека медицинската историја на починатиот била изгубена. Токму тоа, како што велат, го спречило неговиот прием на клиниката. Наводно, документацијата била пронајдена веднаш по смртта на пациентот.
Директорот на Клиниката за онкологија, Игор Стојковски, го потврди трагичниот настан, но ги негираше наводите за изгубена документација.
„Пациентот се лекуваше повеќе од една година и беше во многу тешка состојба, со напреднат карцином на мочниот меур во четврта фаза,“ изјави Стојковски.
Тој нагласи дека нема информации оти медицинската историја била изгубена, додавајќи дека целата документација е предадена на семејството.
Трагичниот случај отвори низа прашања за организацијата и условите во здравствените установи. Сведоштвата на пациентите и демантите од раководството на клиниката создадоа контроверзија околу вистинската причина за ненавремената реакција.
Јавноста очекува надлежните институции да ги истражат околностите под кои почина пациентот и да утврдат дали имало пропусти во постапките на Клиниката за онкологија.
Бугарија – успешна приказна за економска интеграција и раст во Европската унија
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден