19 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Последните податоци за излезноста на локалните избори до 15 часот покажуваат дека граѓаните на Скопје гласаат со слично темпо како и на локалните избори од пред четири години. Сепак, бројките се пониски во споредба со излезноста забележана на парламентарните избори лани.
Она што особено се издвојува во денешното гласање е трендот на повисока излезност во општините со доминантно албанско гласачко тело. Така, во општина Сарај до 15 часот излегле 36,32% од запишаните избирачи, а во Чаир 35,34%.
Овие проценти се значително повисоки од оние во останатите скопски општини. Во Гази Баба излезноста до 15 часот изнесува 28,34%, во Ѓорче Петров 30,11%, во Центар 34,80%, а во Аеродром 31,50%.
Според овие податоци, може да се заклучи дека албанскиот електорат е повеќе мотивиран да излезе на гласање во споредба со македонскиот, барем во првиот дел од изборниот ден.
Државната изборна комисија најави уште два пресека на излезност – првиот во 17:00 часот, а последниот во 18:30 часот, непосредно пред затворањето на избирачките места. Очекувањата се дека овие бројки ќе дадат појасна слика за изборната активност на скопјани во текот на целиот ден.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден