TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Папа: Реформите во судството не се брзи решенија, резултатите нема да бидат видливи веднаш

09 февруари 2025

• од Вардарски

Реформите во правосудството не се брзи решенија. Треба да се комуницира со граѓаните дека ако ја спроведaт таа реформа ќе биде потребно одредено време за да се видат резултатите. Резултатите од реформите не се видливи веднаш. Јавноста треба да биде искрено информирана за тоа што ќе се случува, колку време ќе трае и какви резултати се очекуваат. Доколку, пак, се одлучите да спроведете ветинг во судството, бидете подготвени за недостиг на судии и јавни обвинители, каков што беше случајот со Албанија, вели во интервју за МИА меѓународната експертка за правосудство и антикорупција Хелена Папа.

Од аспект на евроинтеграциите, Папа нагласува дека постои геополитички моментум што земјите од Западен Балкан треба да го искористат бидејќи, како што посочува, можеби постои некаква волја кај членките на ЕУ.

-Да не заборавиме дека процесот e сложен и дека на земјите-членки им е потребен консензус за тоа која држава ќе влезе во ЕУ, посочува експертката за МИА.

Хелена Папа беше една од панелистите на сесијата на Националната конвенција на Европската Унија во Северна Македонија за реформи во правосудството, што се одржа неделава. Папа е добар познавач на правосудниот систем во регионот, и учествувала во реформирање на судството во Албанија. Од 2024 таа го презема вториот мандат како независен експерт за човекови права и член на Комитетот на Советот на Европа за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (CPT).

За ветингот како реформа во судството во Албанија, вели дека таа реформа не била насочена само кон проверка на судиите, обвинителите и правните застапници, туку и кон промена на архитектурата на независните правосудни институции.

-Таму воспоставивме Висок судски совет со пошироки овластувања и поголема независност. Составот на Високиот судски совет беше изменет, а министерот за правда и шефот на државата беа исклучени од неговиот состав, со цел ова тело да биде помалку под влијание на политиката. Во Албанија беше создадено ново тело – Високиот обвинителски совет, кое претходно не постоеше. Дополнително, беше формирана уште една независна институција – Високиот инспекторат на правдата, кој има задача да спроведува истраги за дисциплински прекршоци. Сите овие мерки, заедно со ветингот, но и со зголемувањето на платите на судиите и обвинителите, по судските реформи и по ветингот, судиите кои имаа двојно или тројно зголемени плати во однос на претходно, беа преземени за да се создаде правосуден систем кој е повеќе независен, има соодветни човечки и финансиски ресурси и станува поефикасен, нагласи Папа за МИА.

Таа појаснува дека седум години по спроведувањето на оваа реформа во Албанија, биле разрешени 269 судии и обвинители, 163 го напуштиле  системот по други основи – пензионирање, оставка… Истовремено, 373 судии и обвинители го поминале ветингот.

Вели дека очекувањата биле дека од 15 до 20 отсто од судиите и јавните обвинители ќе го напуштат системот, но бројките биле двојно поголеми.

-Ако го земеме предвид бројот на судии кои беа разрешени во првото ниво на ветинг, тоа би било околу 40 проценти од судиите. Ако на овој број ги додадеме оние кои го напуштија системот поради други причини, доаѓаме до 50 до 55 проценти, со само 40 до 45 проценти на судии и обвинители кои останаа на функција. Можете да видите какво влијание имаше ветингот во однос на човечките ресурси на системот, беше толку значајно што беше потребно Високиот судски совет или Високиот обвинителски совет во соработка со Албанското училиште за магистрати да воведат дополнителни мерки за да има нови судии и обвинители во системот, вели таа.

Во ваков случај, додава Папа, има потреба за олеснувачки мерки како на пример судска мапа каде што одредени судови или обвинителства би се споиле и би биле спремни за нова генерација кандидати во системот.

Папа посочува дека е запознаена со измените на Кривичниот законик од 2023 година, и за загриженоста поврзана со намалените казни за одредени кривични дела.

-Ефектот на таквите измени и загриженоста, е околу тоа што во моментот кога ќе ги намалите казните, кога ќе го намалите рокот на застареност кој е директно поврзан со истрагата на обвинителството, тоа значи дека обвинителството има помалку време да истражи корупција или кривично дело поврзано со финансиски и економски криминал. Знаеме дека е тешко да се истражат овие кривични дела, дека е потребно време, специјализиран кадар, и намалувањето на времето што го имаат го загрозува квалитетот на работата на обвинителствата и истражителите, посочи Папа.

Според неа земјава има стратешка и добра правна рамка и главните институции за превенција и борба против корупцијата постојат, има добри закони генерално, но предизвикот е во нивното спроведување.

-Она што го гледаме во Северна Македонија, и до одреден степен во регионот, е дека имаме многу добри закони, но предизвикот лежи во нивното спроведување. Спроведувањето е предизвик можеби поради недостигот на кадар, можеби законот не е целосно поддржан или разбран или пак можеби има недостаток на волја. Мислам дека фокусот треба да биде на спроведувањето на законот, не сум за чести измени на законот, зашто чести измени на законот водат кон работи кои влијаат на правната сигурност. Треба да го спроведеме законот, да ги откриеме и поправиме недостатоците, но не и да го менуваме законот без анализа на влијанието врз неговото спроведувањето, нагласува Папа во интервјуто за МИА.

Од аспект на нашиот евроинтеграциски пат, и дали е реалност Западен Балкан да влезе во ЕУ до 2030 година, Папа посочува дека некои земји од Западен Балкан во својата агенда го имаат приклучувањето кон ЕУ до 2030 година и оти тоа иако е амбициозен проект, не значи дека е недостижен.

-Важно е да бидеме свесни дека неколку фактори се во игра – политичката волја на државите, политичката волја од земјите-членки на ЕУ, регионалната соработка е исто така важна, и она што е најважно е динамиката на реформите. Новата методологија за проширувањето става огромен акцент на владеењето на правото и темелните вредности и се ќе зависи од тоа колку државите напредуваат на овој план, истакна таа.

Нагласува дека постои геополитички моментум што земјите од Западен Балкан треба да го искористат бидејќи можеби постои некаква волја кај членките на ЕУ.

-Да не заборавиме дека процесот e сложени дека на земјите-членки им е потребен консензус за тоа која држава ќе влезе во ЕУ. Немам многу што да кажам за фактот што Северна Македонија и Албанија се раздвоија на патот кон ЕУ, но верувам дека можеби е подобро, бидејќи секоја држава ќе биде вреднувана според сопствените заслуги. Можеби Албанија сега е малку понапред со оглед дека го отвори Кластерот 1, но тоа не значи дека за шест месеци Северна Македонија нема да ја достигне таа фаза и дури и повеќе ќе напредува. Се зависи од волјата на јавните институции во Северна Македонија, од политичката фела, и желбата за напредок во однос на владеењето на правото и темелните вредности, рече Папа во интервју за МИА.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Жерновски до Мицкоски: Ако ветувавте враќање на името, зошто не го направите тоа сега?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Клиника за психијатрија: Над 40 проценти од граѓаните имаат проблеми со сонот

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Safe City“ штити лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Трендафилов: Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има општ штрајк

СВЕТ
07 март 2026

Атанас Атанасов предлага Бугарија да се приклучи кон францускиот „нуклеарен чадор“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Села, Азири и Даути ја поддржаа иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Возачи, внимание: Суспензијата на возачката дозвола започнува по вториот СМС

СВЕТ
07 март 2026

Високобрзински возови во Бугарија: Софија – Варна за 2 часа?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Нафтата се очекува да „експлодира“: Што ја очекува Северна Македонија?

ДРУГО
07 март 2026

Денес се одбележува наоѓањето на моштите на многубројните маченици во Евгенија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Реза Пахлави: Иранскиот режим ги напаѓа соседните земји

СВЕТ
06 март 2026

Поради кризата во Иран, ЕУ состаноците во Кипар ќе се одржат онлајн

СВЕТ
06 март 2026

Баку: Иран планирал напади врз четири цели во Азербејџан

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името на државата?

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Еди Рама до децата од Битола: Чувајте го албанскиот јазик каде и да живеете

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Ниту три минимални плати не се доволни за преживување во еден месец

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Без грижа: Државата уверува дека има доволно залихи на нафта

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Скопјанец пукал кон сопругата и се заканувал на ќерките – полицијата го приведе

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Вајц: Северна Македонија не може повторно да преговара за Бугарите во Уставот

СВЕТ
06 март 2026

Патниците повторно летаат од Дубаи по затворањето на небото

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Најмалку 20% од студентите по медицина ќе бидат обврзани да работат во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Бугарија реагира по новиот вандализам врз бугарскиот клуб “Иван Михајлов“ во Битола

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

СВЕТ
06 март 2026

Во голема евакуациска операција Бугарија веќе извлече стотици свои државјани од Блискиот Исток

СВЕТ
06 март 2026

Бугарија шеста по економски раст во Европската Унија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Доналд Џ. Трамп: Нема договор со Иран освен безусловна капитулација

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Трендафилов: На 14 март повторно на улица – протест за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Работниците едвај преживуваат, а власта им порачува да не одат на одмор

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега