05 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Комисијата за политики за Бугарите надвор од земјата при 51. состав на Народното собрание на Република Бугарија, г. Стојан Таслаков, испрати официјално известување до сите водечки европски институции, политичките групи во Европскиот парламент, како и до бугарските европратеници.
Повод за оваа иницијатива е најновиот случај на институционален притисок врз претставник на бугарската заедница во Република Северна Македонија – г. Драги Каров, долгогодишен јавен дејател од Велес, кој е изложен на судско гонење поради јавно искажување на својата бугарска национална припадност.
Во писмото се изразува сериозна загриженост за повторувањето на вакви инциденти во кус временски период. Според г. Таслаков, случајот со г. Каров е уште еден показател за, како што ја нарекува, „загрижувачка тенденција на системска дискриминација и непријателски однос“ кон бугарската заедница во Северна Македонија.
„Бугарската држава мора гласно и упорно да ја искажува својата позиција секогаш кога некој Бугарин е подложен на притисок и прогон поради своето потекло. Молчењето во вакви ситуации не значи неутралност, туку соучесништво во неправдата“, истакнува Стојан Таслаков во својата изјава.
Овој чекор претставува продолжение на постојаната загриженост на бугарските институции за статусот и правата на Бугарите во регионот, особено во контекст на европските интеграции на Северна Македонија.