08 април 2025
• од Гоце Кически
Вчерашниот ден донесе значителни загуби на Македонската берза, при што сите од топ 10 компании забележаа негативен тренд. Падот се движеше од -0,06% кај „Адинг АД“ до драматични -5,59% кај „Комерцијална банка АД“. Ова ниво на дневни загуби не е забележано уште од пандемијата на Ковид-19 во пролетта 2021 година.
Интересен аспект на вчерашните случувања е малата бројка на реализирани трансакции. И покрај големите загуби во вредноста на акциите, бројот на зделки беше значително низок. Ова сугерира дека постои поголем број инвеститори кои сакаат да ги продадат своите акции, но се соочуваат со недостиг на заинтересирани купувачи.
Ограничениот обем на тргување на Македонската берза, која е мала и има мал број активни учесници, дополнително го усложнува пазарот во услови на "мечки тренд". Во вакви моменти, кога преовладува понудата на акции над побарувачката, цените природно опаѓаат.
На пример, вредноста на акциите на „Макпетрол АД“ вчера падна за значителни 5,83% само во временскиот интервал од 9 до 14 часот, со само 10 реализирани трансакции.
Очекувањата се дека и денес, како и во наредните денови, ќе продолжи намалувањето на вредноста на акциите на водечките компании на берзата. Сепак, останува неизвесно дали овој тренд ќе биде ограничен или ќе се продлабочи и продолжи на подолг рок.
Ова не е финансиски совет.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

