14 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во својата најнова изјава остро укажа на медиумската реалност во земјата, истакнувајќи дека огромен дел од телевизиските канали што ги гледаат граѓаните се на српски јазик, а тоа, според него, покажува колку земјата е зависна од соседното медиумско влијание.
„Еве ти еден пример — ние имаме сто сателитски канали. Дали деведесет и два се на српски јазик?“, рече Пендаровски.
„А нема грчки, бугарски, хрватски… Кога гледаш фудбал денеска, во независна Македонија, слушаш и гледаш на српски јазик,“ додаде тој.
Пендаровски нагласи дека за оваа состојба не е виновен Белград, туку самата Македонија, бидејќи дозволила медиумски и културно да остане под влијание на соседството.
„Не ти е виновен Белград за тоа – ние сме виновни. Ние водиме таква политика,“ изјави тој.
Со ова, поранешниот претседател сакаше да порача дека иако Македонија формално е независна држава, нејзината медиумска и културна ориентација сè уште е силно поврзана со српското говорно подрачје.
Филипче: Оваа влада не ги решава проблемите на граѓаните, туку ги игнорира
Скршена од болка: Сопругата на Панчо од „ДНК“ се прости со емотивна порака
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден