25 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Публицистот и македонски Бугарин Владимир Перев изјави пред бугарските медиуми дека нападот врз него во петокот навечер е директен резултат на долгогодишната нетрпеливост кон Бугарите во Република Северна Македонија. Во разговор за бугарските новинари, Перев истакна дека ваквата клима ескалирала особено во последните 15 години.
„Нападот врз мене е резултат на веќе долгогодишната нетрпеливост кон Бугарите во РС Македонија. Таа нетрпеливост зеде врв во последните 15-тина години“, изјави Перев, пренесува порталот Трибуна.
Перев нагласи дека не го познава напаѓачот и дека никогаш претходно не го видел. Настанот, за кој тој првично пишуваше во колумна на Трибуна, го опиша како изолиран чин, но смета дека тој е одраз на подлабоки политички тензии меѓу двете држави.
Според Перев, инцидентот не треба да се третира само како личен напад, туку како последица на нарушените билатерални односи меѓу Скопје и Софија.
„Овде станува збор за меѓудржавен проблем, за односите меѓу двете земји. Тоа се прашања во кои треба да бидат активни министерствата за надворешни работи, парламентите и владите. Еден човек не може да направи ништо – сите треба да се трудиме за разрешница“, истакна тој.
Публицистот ја информираше бугарската јавност дека добил целосна поддршка од Амбасадата на Бугарија во Скопје и од бугарското Министерство за надворешни работи, како и дека лично разговарал со министерот Георг Георгиев.
Говорејќи за лицето кое го нападнало, Перев изрази желба напаѓачот јавно да ги повтори навредите што му ги упатил.
„Би сакал истиот да се појави во етерот на македонската држава и таму пред јавноста да ги каже сите навреди кон Бугарите, кои ми ги кажа мене“, изјави Перев.
По нападот, сите бугарски здруженија во Република Северна Македонија му изразија поддршка на Перев, оценувајќи го како долгогодишен борец за правата на Бугарите во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

