11 април 2025
• од Вардарски
Пред седум години, Петар Богојески – тогашен политички активист, денес директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Тој отворено зборуваше за заедничките елементи на „македонштината“ и „бугаршината“ како и за заедничката историја со Бугарија.
Според Богојески тогаш, македонизмот е поврзан со грчката пропаганда, Тој повикуваше на отворена и добрососедска дискусија за овие теми, со цел да се создаде простор за соработка, а не за конфликти.
Но денес, истиот тој Петар Богојески се претставува како еден од најгласните критичари на Бугарија и нејзината политика кон С. Македонија. Оваа драстична промена на ставови ја отвора дилемата: дали функциите и позициите во државата ги менуваат личните уверувања?
Промената кај Богојески не е единствен случај во македонската политика, но токму неговата трансформација е симптоматична за пошироката појава каде што ставовите често се приспособуваат на потребите на моментот, а не на принципите и идеолошката конзистентност. Ова отвора прашања за кредибилитетот на јавните личности и за нивната доследност во однос на националните прашања.
Дали навистина сме сведоци на искрено преиспитување, или на политичко лицемерие заради кариера и позиции? Останува јавноста да процени. Но едно е сигурно – ставовите кои еднаш биле јавно изнесени не исчезнуваат, и токму тие се огледало на карактерот и интегритетот на секој јавен функционер.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

