македонија29 јануари 2025 Петрески: Бојкотот на маркетите е ефикасен притисок за намалување на цените
Извршната директорка на „Фајнанс Тинк“, Благица Петрески, во интервју за ТВ24 изјави дека бојкотот на маркетите претставува форма на притисок кој може да даде резултати, бидејќи цените на производите се формираат врз основа на побарувачката. Таа истакна дека замрзнувањето на цените има краткорочни ефекти, по што цените повторно се зголемуваат или враќаат на претходните нивоа.
Петрески нагласи дека бојкотот треба да биде сигнал и за добавувачите и за маркетите, бидејќи купувачите имаат механизам кој може да влијае на вкупната побарувачка. Таа предложи наместо севкупен бојкот, да се таргетираат трговци кои се идентификувани како нефер играчи на пазарот.
Дополнително, Петрески посочи дека постојат и други механизми кои можат да се употребат, како што е Законот за нефер трговски практики, кој претставува алатка за корекција и спречување на ваквите појави. Таа истакна дека не е добро сите трговци да се ставаат во еден кош, туку потребно е законски да се казнуваат оние што не се фер играчи. Другите механизми вклучуваат јакнење на свеста на граѓаните за пријавување на нефер трговските практики и бојкот и блокади на учесниците кои манипулираат со системот.