20 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 упати повик сите засегнати страни, вклучително и сегашниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), да подлежат на полиграфско тестирање пред собраниската комисија за надзор. Повикот доаѓа во контекст на контроверзиите околу наводното следење и политичките блокади за декласификација на соодветните документи.
„Зошто не дозволивте да се декласифицираат документите кои се наводно дел од следењето, каде што може да се прочита целата содржина? Може ли вака да се договориме: ако не сакате да ги декласифицираме документите, бидејќи на комисијата беше попречен надзорот, дали се согласувате сите ние во Собранието, секој што бил предмет на следење според закон, вклучувајќи ги сите директори на АНБ, исклучително сегашниот директор, да подлежат на полиграфско тестирање пред комисијата за надзор?“, изјави Петровска во дебатата.
Во своето обраќање, Петровска ја критикуваше праксата на ВМРО-ДПМНЕ, кои, според неа, додека биле во опозиција постојано ја актуелизирале темата за следењето, но сега ја блокираат декласификацијата на документите. Таа нагласи дека токму тоа предизвикува сомнежи и создава недоверба во јавноста.
Со ваквиот повик, Петровска потенцираше дека само преку целосна транспарентност и подготвеност сите надлежни да се подложат на проверки може да се врати довербата во институциите и да се расчистат сомнежите за злоупотреба на службите за следење.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

