29 април 2025
• од Вардарски
На собраниската седница посветена на интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, остро го критикуваше неговото водење на Министерството за внатрешни работи (МВР), оценувајќи дека состојбата во институцијата е „запрепастувачка и загрижувачка“.
Според Петровска, хаосот што се случува на улиците е директен резултат на непочитување на хиерархијата во МВР и воведувањето на двојни команди, што според неа, доаѓаат од партиски структури блиски до актуелната власт. Таа нагласи дека ваквото мешање ја попречува нормалната работа на министерството и ги руши темелите на професионалноста во полицијата.
„Високи полициски службеници, кои во минатото успешно водеа сериозни полициски операции без ниту една дисциплинска мерка, денес се деградирани спротивно на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција“, истакна Петровска. Таа посочи дека поранешни началници на специјални единици сега се прераспоредени како инспектори за кражби или за сообраќај.
Петровска беше критична и кон односот на владејачката гарнитура кон професионалците: „Ги пуштивте на улица тие што до вчера работеа против криминалот. Може да ви е смешно, ама евиденциите во МВР покажуваат кои акции биле изведени и кој стоел зад нив.“
Таа заклучи дека „однесувањето како да започнува светот со вас“ е опасно не само за државата, туку и за самите политички структури што го спроведуваат. Петровска апелираше за враќање на професионализмот и за прекин на партиската контрола врз полицијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

