23 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во четвртокот, на 22 август 2025 година, околу 17:15 часот во OВР Гостивар било пријавено дека за време на градежни активности на новиот автопат во изградба кај селата Д.Ѓоновица и Симница, починал работник.
Според информациите, станува збор за Д.П. (60) од село Врапчиште, општина Врапчиште, кој работел за приватна фирма ангажирана на изградбата на трасата. За време на извршување на работите, настанала несреќа по која работникот починал на лице место.
Лекар од приватна здравствена установа излегол на терен и ја констатирал смртта. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за трагичниот исход.
Надлежните институции спроведуваат дополнителна истрага за случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

