06 мај 2025
• од Вардарски
По долг период на најави и подготовки, поранешниот премиер на Република Македонија и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, конечно го претставува својот нов подкаст посветен на историјата на Македонија.
Подкастот со наслов „Македонска историја со Љубчо Георгиевски“ ќе започне со емитување на 12 мај 2025 година (понеделник) во 18:00 часот. Во него, слушателите ќе имаат можност да чујат интересни анализи, дискусии и помалку познати факти поврзани со македонската историја — теми кои ретко добиваат простор во домашниот медиумски етер.
Премиерната епизода ќе биде достапна на YouTube каналот на Македонски Радио Портал, а сите следни епизоди ќе се објавуваат секој втор понеделник во месецот, исто така во 18:00 часот.
Со овој подкаст, Георгиевски има цел да понуди нови перспективи и да ја разбуди љубопитноста кај јавноста за историските настани кои ја обликувале македонската нација.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

