TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Поднесено обвинение за злоупотреби и измами при јавни набавки во РЕК Битола

02 јануари 2026

• од Станча Јаќимовски

Основното јавно обвинителство Битола, по спроведена опсежна истражна постапка, поднесе обвинение против осум физички лица и едно правно лице за сериозни злоупотреби поврзани со постапки за јавни набавки во РЕК Битола.

Според обвинението, во текот на 2023 година петмина од обвинетите, во својство на службени лица – директори и раководители на подружници во РЕК Битола, меѓу кои и директорот на комбинатот, сториле продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Тие не постапувале законито и совесно, при што ги повредиле основните начела на економичност, ефикасност, сразмерност и конкурентност предвидени во Законот за јавни набавки.

Со намера да овозможат противправна имотна корист за друго правно лице, обвинетите распишале и спровеле јавна набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК Битола, со цел воспоставување нов транспортен систем за руда. Иако биле свесни дека ваквиот систем е спротивен на основниот проект и технолошки несоодветен за процесот на ископ и транспорт, сепак постапката била реализирана.

Како што наведува обвинителството, поради неправилната форма на површинскиот коп и краткиот век на експлоатација на рудникот Живојно (околу 14 години), таму не била предвидена примена на континуирана технологија со роторни багери и транспортни ленти – токму технологијата која требало да се дислоцира од Осломеј.

Обвинетите го навеле Управниот одбор да го измени Годишниот план за работа и ги предимензионирале минималните услови на тендерот, со што фаворизирале само една компанија. На тој начин, обвинетото правно лице се јавило како единствен понудувач и добило тендер вреден 90 милиони денари без ДДВ, односно 106,2 милиони денари со вклучен ДДВ.

Првообвинетиот, сопственик на фирмата, заедно со двајца вработени и самото правно лице, се товарат за кривично дело злоупотреба на постапка за јавен повик, бидејќи поднеле и потпишале невистинита документација со која тврделе дека работите на монтажа се завршени, иако опремата била оставена неинсталирана во кругот на РЕК Битола. Врз основа на таа документација, незавршените работи биле наплатени, со што компанијата се стекнала со противправна имотна корист од големи размери.

Во измамата, според обвинението, учествувале и тројца директори и раководители во РЕК Битола кои во 2024 година потпишувале записници и извештаи за наводно извршени работи, иако знаеле дека се невистинити. Со тоа го навеле РЕК Битола да изврши незаконита исплата и сториле продолжено кривично дело измама во службата.

Јавниот обвинител предложи одземање на околу 1,7 милиони евра со ДДВ, исплатени како резултат на кривичните дела. Во текот на постапката се обезбедени 1,2 милиони евра, 1.000 швајцарски франци, три златни монети и една златна плочка од банкарски сеф во Белград, како и над 500.000 евра на сметки во домашни банки. Дополнително, замрзнати се и 10 товарни и приклучни возила набавени во 2025 година, кои исто така може да бидат предмет на конфискација.

Истрагата утврдила дека првообвинетиот поседува две компании во Србија, од кои едната е основана кон крајот на 2024 година, како и дека постои јасна тенденција на префрлање на парични средства кон тие компании. Поради ризик од бегство, обвинителството достави предлог за продолжување на мерката притвор за првообвинетиот до судијата на претходна постапка.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
02 јануари 2026

Собрани 67,6 милиони евра од патарини за 2025 година, а автопатиштата и понатаму полни со дупки

СВЕТ
02 јануари 2026

Бугарија добила речиси 36 милијарди евра неповратни средства од странство

МАКЕДОНИЈА
02 јануари 2026

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк

МАКЕДОНИЈА
02 јануари 2026

Вработен во армијата повреден при извршување работни задачи во Затворот Идризово

СВЕТ
02 јануари 2026

Бугарскиот патријарх Даниил со порака за мир, светлина и помирување во 2026 година

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
02 јануари 2026

Родителите на загинатите во Кочани до Љупчо Златев: Ние не сме „руља“

СВЕТ
02 јануари 2026

Ројтерс: Бугарија го слави влезот во еврозоната, левотот останува во историјата

МАКЕДОНИЈА
02 јануари 2026

Железничкиот сообраќај повторно во застој: персоналот во бојкот поради неисплатена плата

МАКЕДОНИЈА
02 јануари 2026

Калајџиев: Ако е празен буџетот, да ви дадам на заем?!

СВЕТ
02 јануари 2026

Мултимилионер од Македонија обвинет дека продавал компании на непостоечки граѓани од Косово

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
02 јануари 2026

Би Би Си: Неочекуван пресврт – Бугарија ги помина побогатите држави на патот кон еврото

МАКЕДОНИЈА
02 јануари 2026

Обвинение за возачот што го усмрти Јорго Ќука пред мостот „Гоце Делчев“

МАКЕДОНИЈА
02 јануари 2026

С. Македонија во длабока демографска криза: починатите повторно ги надминуваат новородените

СВЕТ
02 јануари 2026

Добромир Иванов: Ние сме Европа и еврото ќе нè направи посилни

СВЕТ
02 јануари 2026

Бугарското МНР: Со воведувањето на еврото, Бугарија го зацврстува местото во срцето на ЕУ

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
02 јануари 2026

Од вчера поскапува електричната енергија за домаќинствата

СВЕТ
02 јануари 2026

Бугарија одбележува една година како полноправна членка на Шенген

СВЕТ
02 јануари 2026

Папата упати повик за мир до земјите погодени од војни

СВЕТ
02 јануари 2026

Бугарија со воведување на еврото: Поевтин јавен градски транспорт во Софија

МАКЕДОНИЈА
02 јануари 2026

Гаши: Неџхат Даци беше пример за лидерство, институционална изградба и развој на Косово

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
02 јануари 2026

Првото повлекување евра од банкомат во Бугарија извршено во Сончев Брег

СВЕТ
02 јануари 2026

Бојан е првото бебе родено во 2026 година во Бугарија

СВЕТ
02 јануари 2026

Асен Василев: Бугарија за првпат по векови има валута што важи и надвор од нејзините граници

СВЕТ
02 јануари 2026

Шефот на Бугарска народна Банка: Бугарија е Европа. И Европа е Бугарија

МАКЕДОНИЈА
02 јануари 2026

Кристина Цоковска реагира: Лицето што ме удри пијано е прогласено за најдобар пожарникар во Скопје

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
ДРУГО
02 јануари 2026

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец

СВЕТ
01 јануари 2026

Бугарија официјално го воведе еврото и стана 21. членка на Еврозоната

МАКЕДОНИЈА
01 јануари 2026

Македонец исчезна по пожар во Швајцарија – семејството и пријателите очајно бараат помош

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега