29 март 2025
• од Вардарски
На 28 март 2025 година, околу 15:00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани извршија успешна акција во која беа приведени пет лица поради сомнение за поседување и тргување со дрога.
Приведените се О.С. (18) од Куманово, М.А. (54) и С.М. (38) од Кочани, како и Е.М. (25) и Џ.А. (34) од Виница. Лицата биле затекнати во патничко возило марка „Мерцедес“ со винички регистарски ознаки, сопственост на Џ.А.
При извршен преглед, кај едно од лицата – С.М. – биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и марихуана. Врз основа на добиена судска наредба, извршен бил и претрес во неговиот дом, при што биле откриени дигитална вага и други предмети за кои постои сомневање дека се поврзани со извршување на кривични дела.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање и расчистување на настанот, ќе следува поднесување соодветна кривична пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

