03 мај 2025
• од Вардарски
Во раните утрински часови денеска, во периодот од 00:20 до 02:30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објект лоциран покрај патот Тетово–Гостивар.
При контролата, полицијата приведе пет странски државјанки од Република Украина, Република Србија и Република Албанија, на возраст од 28 до 37 години, поради утврдена злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава спротивно на целта за која им бил издаден престојот.
Приведените се задржани во полициска станица каде се спроведуваат понатамошни постапки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности. Полицијата најави дека ќе продолжи со редовните контроли на вакви објекти со цел спречување на незаконски активности.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

