09 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Ништо од ветувањата на Орце Ѓорѓиевски. Денеска во 10 часот изминаа 72 часа од моментот кога новоизбраниот градоначалник на Скопје вети дека ќе го исчисти градот од ѓубре. И покрај големите најави и медиумскиот ПР, Скопје и натаму е потонато во отпад, а ветувањето остана неисполнето.
Фотографиите направени од фоторепортерите на Рацин.мк сведочат за реалната состојба на терен. Населбите во главниот град се полни со преполни контејнери, несобрано ѓубре и диви депонии кои претставуваат не само естетски, туку и здравствен проблем за жителите.
И покрај најавите за итно расчистување, дивите депонии остануваат непроменети. Тие продолжуваат да бидат извор на зарази и неподнослив мирис, посебно во густо населените делови на градот. Граѓаните изразуваат разочараност од локалните власти, велејќи дека очекувале поинаков пристап од новиот градоначалник.
Фоторепортерите утринава, во периодот меѓу 8:30 и 10:30 часот, ја документираа состојбата на повеќе локации низ градот. Една од нив е Карпош 4, во близина на супермаркетот Тинекс, каде што улиците се преполни со ѓубре, а контејнерите не се испразнети со денови.
На социјалните мрежи се множат реакции од граѓани кои прашуваат кога конечно ќе почне вистинско чистење на Скопје. Многумина потсетуваат дека ваквите ветувања не се првпат, но дека реалните резултати секогаш изостануваат.
Бугарски аналитичар со остра анализа: С. Македонија работи против своите интереси
Пратеничка од Влен: „Беким Сали ќе биде премиер на Албанците во Македонија“
Насер Селмани: Албанските гласачи беа притиснати и манипулирани на изборите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

