05 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Портпаролот на движењето ЗНАМ, Никола Мемов, преку објава на Фејсбук упати остри критики кон политичкото движење ВРЕДИ, обвинувајќи го дека го изиграло независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка…“ – напиша Мемов во својата објава, додавајќи дека и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е свесен за тоа.
Во продолжение Мемов порача дека „премиерот јавно им кажа – ние чесно ве поддржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо. Само почит. Таа почит не ја добивме. И тоа не го забораваме!“
Изјавата на портпаролот на ЗНАМ повторно ја отвори темата за нарушените односи меѓу коалициските партнери, кои во изминатиот период имаа заеднички настап на државно ниво, но очигледно различни ставови и интереси на локално поле.
Политичките аналитичари сметаат дека ваквите пораки можат да бидат најава за нови политички дистанцирања и можни промени во коалициските односи во Скопје и пошироко.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

