16 март 2025
• од Гоце Кически
Во знак на почит кон жртвите од трагичниот инцидент што се случи во Кочани, Република Северна Македонија, во Бугарија пред македонската амбасада ќе се одржи комеморација. Настанот е организиран како гест на солидарност и сочувство кон семејствата на настраданите и сите погодени од оваа ненадоместлива загуба.
„Оваа неопислива трагедија, која ја потресе целата нација и светот, ни напомнува колку е животот кревок и колку е важно да се поддржуваме и да бидеме заедно во моменти на болка и страдање. Ќе положиме свежо цвеќе и ќе оддадеме минута молк за да ја почитаме меморијата на сите настрадани и да испратиме своја поддршка и сочувство до нивните семејства и блиски,“ велат организаторите на настанот.
Во изјавата на организаторите се додава: „Оваа трагедија не е удар само за Република Северна Македонија, туку и за секој од нас. Во овој момент на тага, нека се обединиме како браќа и сестри за да ја изразиме нашата солидарност и емпатија со сите што ја чувствуваат болката од оваа неизмерлива загуба.“
Комеморацијата е отворена за сите што сакаат да изразат поддршка и сочувство. Соединети во тага, македонски и бугарски граѓани заедно ќе покажат дека хуманоста и емпатијата се поважни од сите граници.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

