07 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Семејството на 21-годишната Ивона Антова, една од трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати потресен апел преку социјалните мрежи, тврдејќи дека нивната ќерка не починала веднаш во пожарот, туку била оставена беспомошна и без соодветна медицинска грижа во најтешките мигови.
„Ивона не беше само жртва на пожарот — таа беше оставена сама, претепана, без помош. Снимила сè — како ја буткаат, како паѓа, како моли за рака, а никој не ѝ помогнал“, напишале нејзините родители во јавниот апел.
Според нивните тврдења, девојката во последните мигови од животот успеала да сними видео и да документира како се обидува да побара помош, но наместо да добие подадена рака, била игнорирана и физички нападната од присутните.
Семејството дополнително посочува дека Ивона била пронајдена во болница, оставена без кислородна поддршка и без основна медицинска грижа. „Татко ѝ ја најде легната на страна, со рачето под главата, како да се обидела да стане, а не можела. Јас, нејзината мајка, не можев ни да ја видам — бев приклучена на инфузија, а срцето ми умираше со неа“, наведуваат во потресното сведоштво.
Антови бараат одговорност од институциите и од сите лица кои, како што велат, затаиле и ја оставиле нивната ќерка да умира сама, во болка и страв. Тие апелираат јавноста да не дозволи случајот да се заборави и истакнуваат дека ќе се борат за вистината и за правда, како што Ивона се борела до последниот здив.
„Љубовта кон Ивона никогаш нема да згасне. Ќе се бориме за неа, како што таа се бореше“, завршуваат нејзините родители во својот апел, кој предизвика силни реакции и огромна поддршка од јавноста.