20 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во населбата Горно Нерези во Скопје денеска избувна пожар при што засега е зафатена сува трева и дрвја. Ова е втор пожар што избувнува во овој дел на градот во краток временски период.
Според првичните информации, пламенот брзо се проширил поради сувата вегетација, а на терен се испратени екипи за справување со огнената стихија.
Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не палат оган на отворено, особено во услови на високи температури и суво време, кога ризикот од пожари е зголемен.
Повеќе информации за состојбата и интервенцијата на противпожарните служби се очекуваат во текот на денот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

