21 април 2025
• од Вардарски
Во саботата попладне, на 20 април 2025 година, околу 13:00 часот, во населбата „Точила“ во Прилеп избувна пожар во стан во сопственост на Т.Ј. Во моментот на пожарот, во станот престојувале неговата сестра Ц.С. (51) и зетот Д.П. (40), двајцата од Скопје.
На терен брзо интервенираше екипа од Територијалната противпожарна единица – Прилеп, која успешно го локализираше и изгасна огнот. За жал, поради вдишување густ чад, повредени беа Ц.С., како и нивната сосетка С.П. (73) од Прилеп. Двете беа пренесени во прилепската болница, каде им беше укажана лекарска помош.
Од страна на увидна екипа на ОВР Прилеп извршен е увид на местото на настанот, а причините за пожарот се предмет на понатамошна истрага.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

