TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Пратеници „извозиле“ над 300.000 евра за патни трошоци за 13 месеци

06 август 2025

• од Станча Јаќимовски

Додека граѓаните на Северна Македонија се соочуваат со економска несигурност, ниски плати и зголемени трошоци за живот, пратениците во Собранието продолжуваат да „црпат“ од буџетот илјадници евра за патни трошоци. Новите податоци покажуваат дека за само 13 месеци, државата исплатила над 300.000 евра за патни трошоци на 65 пратеници, што уште еднаш го отвора прашањето – дали овие средства се оправдани и фер?

Во држава со сиромашен јавен транспорт, со болници кои кубурат со ресурси и со образование кое сè уште се соочува со хронични проблеми, фактот дека поединечни пратеници земаат и по 1.000 евра месечно за гориво и патарини изгледа како сериозна морална провокација. Особено загрижува тоа што тие не се обврзани на транспарентно и проверливо известување за тоа дали навистина ги прават сите тие патувања, како и каде живеат.

Иако постои можност пратениците да изнајмат стан во Скопје и на тој начин да го намалат товарот врз буџетот, само деветмина се одлучиле за оваа опција. Причината е очигледна – системот им дозволува далеку поиздашен приход ако пријавуваат патни трошоци отколку ако користат стан. Едноставно кажано – се исплаќа да патуваш, барем на хартија.

Неодамнешните податоци укажуваат дека некои пратеници добиле и над 13.000 евра во една година, додека истовремено не се исклучени сомнежите дека дел од нив имаат недвижнини во Скопје или живеат поблиску од наведеното. Претходно, Антикорупциската комисија алармираше за токму такви злоупотреби – пратеници кои поседуваат станови во Скопје, но сепак наплаќаат за патувања од друг град.

Дополнително загрижувачки е фактот дека единствениот судски случај во историјата за злоупотреба на патни трошоци заврши со ослободителна пресуда, што укажува на неспособноста на институциите не само да санкционираат, туку и суштински да истражат вакви случаи.

Системот е конструиран така што ја стимулира злоупотребата. Пресметката на трошоците се врши по километар, со фиксен процент од цената на горивото, без прецизен увид дали пратеникот навистина патувал. Предлогот на пратеничката група на Левица за пообјективна методологија за пресметка на трошоците беше одбиен и не стигна ни до дневен ред – уште еден доказ за институционалната инертност во справувањето со ова прашање.

Во услови кога се дискутира за реформи во јавната администрација, кратење на непотребни трошоци и зголемена ефикасност на институциите, пратеничките патни трошоци остануваат срамно прашање кое никој не сака да го реши. Преку три милиони евра се потрошени за оваа намена од 2015 година досега, а изговорите за „голема километража“ се повторуваат без проверка, без санкции, и – најважно – без волја за суштински промени.

Ако навистина сакаме поодговорно и рационално Собрание, тогаш мора да бараме транспарентен систем за следење на трошоците, да воведеме механизми за верификација на реалните патувања и – зошто да не – јавна база на податоци за сите трошоци на секој пратеник. Само така ќе може граѓаните да добијат барем чувство дека нивните пари се трошат одговорно.

Во спротивно, Собранието ќе остане симбол не на претставување на народот, туку на профитирање на негова сметка.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Жерновски до Мицкоски: Ако ветувавте враќање на името, зошто не го направите тоа сега?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Клиника за психијатрија: Над 40 проценти од граѓаните имаат проблеми со сонот

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Safe City“ штити лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Трендафилов: Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има општ штрајк

СВЕТ
07 март 2026

Атанас Атанасов предлага Бугарија да се приклучи кон францускиот „нуклеарен чадор“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Села, Азири и Даути ја поддржаа иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Возачи, внимание: Суспензијата на возачката дозвола започнува по вториот СМС

СВЕТ
07 март 2026

Високобрзински возови во Бугарија: Софија – Варна за 2 часа?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Нафтата се очекува да „експлодира“: Што ја очекува Северна Македонија?

ДРУГО
07 март 2026

Денес се одбележува наоѓањето на моштите на многубројните маченици во Евгенија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Реза Пахлави: Иранскиот режим ги напаѓа соседните земји

СВЕТ
06 март 2026

Поради кризата во Иран, ЕУ состаноците во Кипар ќе се одржат онлајн

СВЕТ
06 март 2026

Баку: Иран планирал напади врз четири цели во Азербејџан

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името на државата?

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Еди Рама до децата од Битола: Чувајте го албанскиот јазик каде и да живеете

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Ниту три минимални плати не се доволни за преживување во еден месец

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Без грижа: Државата уверува дека има доволно залихи на нафта

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Скопјанец пукал кон сопругата и се заканувал на ќерките – полицијата го приведе

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Вајц: Северна Македонија не може повторно да преговара за Бугарите во Уставот

СВЕТ
06 март 2026

Патниците повторно летаат од Дубаи по затворањето на небото

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Најмалку 20% од студентите по медицина ќе бидат обврзани да работат во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Бугарија реагира по новиот вандализам врз бугарскиот клуб “Иван Михајлов“ во Битола

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

СВЕТ
06 март 2026

Во голема евакуациска операција Бугарија веќе извлече стотици свои државјани од Блискиот Исток

СВЕТ
06 март 2026

Бугарија шеста по економски раст во Европската Унија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Доналд Џ. Трамп: Нема договор со Иран освен безусловна капитулација

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Трендафилов: На 14 март повторно на улица – протест за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Работниците едвај преживуваат, а власта им порачува да не одат на одмор

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега